Кифлички со мармалад
Преубави кифлички полнети со мармалад. Додека се спремаат домот мириса на цимет, на слатко. Следат неколку чекори за подготовка на истите. Ајде да ги проследиме.
Подготовка:
1. Во стаклен сад разматете 100 мл топло млеко со 7 гр сув квасец и 1 мало лажиче шеќер. Оставете да нарасне. Во друг стаклен сад оставете една жолчка со 2 лажичиња млеко. Разматете и оставете на страна. Во трет сад ставете јајце и белката од првото јајце, 100 гр шеќер и 50мл млеко.
2. Сега одиме во подготовка на тестото. Во стаклен голем сад, го сееме брашното. Му рендаме кора од лимон, па додаваме растопен путер, масло и две ванили. Ставаме прстофат сол, а потоа и разматените јајца. На крај го додаваме надојдениот квасец. Месиме меко тесто. Го прекриваме со најлонска фолија, па оставаме да се дуплира.
3. Откако е готово тестото, масата ја мачкаме со масло, па тестото го делиме на 12 дела. Секое топче го расукуваме како на сликата. На едната страна ставаме мармалад, па преклопуваме на кај другата страна, на која и пресековме неколку зарезци. Така ги виткаме сите кифли.
4. Ги редиме на хартија за печење, па оставаме пак да нараснат. Пред да ги ставиме да се печат, ги премачкуваме со жочлка, која претходно ја оставивме на страна и ја помешавме со млекото. Попрскуваме со мешавина од шеќер и цимет. Печеме на 180 степени, додека не заруменат. Мирисаат прекрасно, додека се печат. Едноставно прекрасни се.
Откако се печени, јас ги извадив, па оставив да одморат малку прекриени со кујнска крпа. Сервирајте. Прекрасни се и за појадок. На здравје да се.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
убаво