Квасецот се активира. Во еден сад се ставаат сите состојки и се замесува тестото, се дели на 4-5 дела, секој дел се дели уште на 4-5 делчиња, од секое делче се расукува кора колку еден тањир и се премачкува со маргарин (најгорната кора не се премачкува). Постапката се повторува со до сите делови. Се зема првиот дел од 4-5 кори и се расукува, се дели на 16 како пица и од секое делче се формира кифла, сето се повторува и со останатите делови.
Готовите кифли се ставаат во плех и се премачкуваат со јајце, се посипуваат со сусам или нешто друго и се оставаат да стасаат 2 часа. Се печат во рерна загреана на 200 степени додека не поруменат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови