Подготовка

1. Полнење - Во сад на малку загреано масло ставете го ситно сецканиот кромид. Кога кромидот ќе пушти мирис додадете го ренданиот морков. Пржете на тивок оган неколку минути, со постојано мешање, па додадете го меленото месо и сосот од домати. Додадете сол и бибер и бело вино. Гответе додека не испари виното. На крај, додадете малку пармезан, ситно сецкана моцарела и сланината која е претходно пропржена на малку масло.

2. Во сад за печење, на дното, ставете малку бешамел сос и сосот од месо. Потоа наредете ги канелоните наполнети со сосот. Одозгора полијте со бешамел и со остатокот од сосот со месо. На крај, завршете со слој рендан пармезан и ситно сецкана моцарела.
3. Подготовка на бешамел сос - Прво растопете путер, па полека додајте брашно, со постојано мешање. Потоа додајте млеко и гответе додека не згусне. Ставете ги канелоните да се печат на 180 степени околу 30-40 минути.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани