Канелони полнети со мелено месо и бешамел сос
1. Припрема на сос: Во тавче на оган ставаме зејтин го пржиме претходно исецканиот кромид, кога кромидот ќе се зарумени го додаваме меленото месо. Кога пржењето е при крај се додава вегетата, црниот бибер, ориганото и претходно ситно исецканото лукче. На испрженото месо додаваме 5 лажици кечап и 250 мл од доматното пире, го оставеме да подизврие уште 5-10 минути и го тргаме на страна.
2. Припрема на бешамел сос: Во тенџерце на оган го ставеме пуерот да се стопи, потоа го дадаваме брашното и го пржиме кратко додека да се зарумени и го додаваме млекото. Постојано мешаме со дрвена лажица додека сосот не се згусни, по што го тргаме на страна.
3. Претходно подготвениот сос го додаваме во бешамел сосот и сето убаво го мешаме додека не се добие хомогена смеса.
4. Со вака подготваната смеса ги полниме канелоните една по една и ги редиме една до друга во тава, откако ќе ги наредиме сите канелони ги полеваме со остатокот од доматното пире така што целосно да бидат покриени канелоните.
5. Ги ставаме во загреана рерна на 180 степени и се печат околу 45 минути. Пред да ги ивадиме одозгора го ставаме крупно изренданиот кашкавал и ги враќаме во рерна уште 5 минути.
Лиценца: Сите права се задржани