Модрите патлиџани се печат во рерна, па се лупат. Пиперките ги печеме на традиционален начин и ги лупиме. Се заедно блендираме или мелеме.
Во шерпа ставаме 500 мл масло. Се додаваат пиперките и модрите патлиџани и се заедно се пржи околу еден час, а при тоа додаваме уште малку од маслото. По еден час се додаваат солта и шеќерот и остатокот од маслото и оставаме да се пржи, додека не почне да се гледа дното на шерпата кога ќе поминеме со мешалката. На крај се додава и сенфот и се пржи уште 10 мин. Се собира врело во жешки тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови