Здрави бомбици (со тиква, јатки и суво овошје)
Ако сте љубители на тиквата, тогаш верувам дека ќе ги обожавате овие превкусни и здрави бомбици. Подготовката е едноставна, лесна и брза.
1. Најпрво се подготвува тиквата, односно ја печеме. Јас не користев воопшто шеќер, тиквата која ја користев беше дури и преблага. Потоа печената тиква (200 гр) ја блендираме (или пасираме). Јас ја блендирав.
2. Миксот од јатки и суво овошје го сецкаме заедно (погрубо). Изборот на овој микс е по ваш вкус (јас употребив ореви, лешници, семки од тиква, семки од сончоглед, суво грозје, брусница...). Убаво соединуваме. Во оваа смеса додаваме мелени ореви до постигнување на конзистенција идеална за формирање на бомбиците.
3. Потоа со влажни раце ги формираме бомбиците. Дел од нив јас ги валкав во какао.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани