11
фев
2021
Зачинет цитрус чај
Зимата ја сакам заради овие вкусови, заради мирисот на циметот... Заради чајот...
За воодушевувањето да ми биде различно, знам да ги мешам и карнфилчето и морското оревче. Овој пат мојот избор падна на оваа комбинација.
1. Зовријте ја водата со ѓумбирот и анисот. Оставете да подизлади малку. Додадете го медот и добро изматете да се раствори. За медот знаете со пластично или дрвено лажиче.
2. Извадете ги анисот и ѓумбирот и додадете го свежо цедениот сок од грејпфрут. Оваа мешавина од здрави вкусови е една од моите омилени.
На здравје да ни е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови