Подготовка:

1. Тиквичката ја миеме и ја сецкаме на кругчиња. Ставаме хартија за печење, па ги ставаме тиквичките и ги ставаме да се печат. Штом се печени ги вадиме од рерна.
2. Во садот каде ќе спремаме ставаме еден ред павлака. Редиме тиквички, па попрскуваме ситно сецкано лукче. Ставаме од мешаниот зачин за ѕаѕики, а потоа покриваме со павлака. Така редиме се додека имаме тиквици и павлака. Декорираме со тиквици. Имате преубав ѕаѕики, кој може да ви послужи и за мезе и за вечера. Ставете си едно ладно узо и уживајте.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови