Есенски колач со портокал
Ги матиме јајцата со шеќерот.
Кога се пенесто матени го додаваме јогуртот, маслото и ванилата. Продолжуваме со матењето.
Го исклучуваме миксерот и го додаваме брашното помешано со пецивото.
Смесата ја префрламе во намастена и набрашнета тава.
Печеме на 200 степени.
Парчињата од портокали ги чистиме од корупката и ги редиме врз истинатиот колач.
На страна вриеме 250 мл вода со 5 лажици шеќер, во кој сме го смешале желатинот.
Откако желатинот ќе зоврие го додаваме врз портокалите на тортата.
Оставаме да стегне желатинот.
Јас користев паковка слична на желатинот (Тортенгусс ),треба да ја има по поголемите маркети.
Нека се излади и послужете. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови