Експрес погача( без месење) со фил од спанаќ, фета сирење и јајце
Еве од мене еден предлог за мошне лесна, мека, вкусна , брза погача.
Посебно погоден рецепт за оние кои се почетници во месењето, или за оние кои немаат време да месат.
Цела работа ја завршува миксерот, а сепак имате домашно подготвена прекрасна погача.
Начинот на подготовка е сличен со веќе мојот објавен рецепт Брза мрзлива погача.
.Во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно.
Од кога се активирал, во вангличка ги ставаме јајцата, солта, јогуртот, зафатениот квасец, маслото и брашното. Со маталките за тесто или со жица убаво ја соединуваме цела смеса.
Оставаме малку да пофтаса, додека го подготвуваме филот.
Исчистениот, измиен спанаќ го кинеме со раце на помали парчиња и многу кратко го запржуваме во тава, колку да омекне. Ако има водичка ја процедуваме.
На изладениот спанаќ му го додаваме јајцето, издробената фета, сол и бибер.Соединуваме.
Земаме тава бр 26 на Делимано, која многу малку ја намастуваме.
Ставаме со лажица половина количина од тестото.Врз него го ставаме подготвениот фил.
Врз филот ја ставаме втората половина на тесто.
Посипуваме сусам. Ја ставаме погачата во загреана рерна, на 200 с и печеме околу 30 минути.
Ја оставаме да подизлади, па сечеме парчиња и послужуваме.
Може да се направи фил од мелено месо ...
Лиценца: Сите права се задржани