Едноставна фокача
Многу едноставно се приготвува, без многу месење, а се добива убаво, вкусно, крцкаво, а меко лепче.
Подготовка
1. Квасецот растворете го во топлата вода, додајте го шеќерот и малку брашно и оставете го да се запени.
2. Додајте го брашното и солта и кратко измесете го колку да се спојат состојките. Тоа е лепливо и не додавајте брашно. Покријте го со најлон и оставете го час, час и половина да кисне (може и повеќе време, не брзајте).
3. Рерната вклучете ја на максимална температура. Плехот од рерната исто ставете го да се загрева, со долната страна нагоре.
4. На хартија за печење наросете малку брашно, истурете го скиснатото тесто и со набрашнети раце растегнете го без да внимавате на изгледот, посекако фокачата треба да има рустичен изглед. Премачкајте ја со масло и пак со италијанскиот зачин.
5. Префрлете ја хартијата со тестото над плехот и печете се додека не добие убава боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови