Чашата е од 200 мл.
- Се раствара квасецот во млакото млеко, се додаваат останатите состојки растопениот путер, шеќерот, брашното, солта - се замесува меко тесто. Се додава дробено сирење измешано со магдонос, премачкајте одозгора со масло и се остава покриено да стаса.
- Плехче бр.28 кое ќе го подмачкате со путер или масло, или постелете хартија за печење, посипете на дното сусам, ставете го стасаното тесто и оформете ја погачката со рака порамнувајки го тестото во целата тавка. Нека повторно стаса, премачкајте со жолчката која сте ја разматиле со маслото и млекото, поросете со сусам - ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 30-35 мин.
НАПОМЕНА
- Оформувањето на погачката можете да го направите така како што вие сакате или кога сте го оформиле тестото во тавката со влажна рака определете ги парчињата во форма која ја сакате (триаголници, во кругови да обележите како да се мотан кори, правоаголници, коцки)- сето ова го правите брцкајки ја раката во вода. Можете да оставите малку од сирењето и магдоносот и да ставите во рабовите кои се права кога оформувате парчињата.
- Ако сакате погачки со баш-баш вкус на сирење,мој предлог - Ставете повеќе сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани