11
авг
2021
Едноставна летна салата од диња
Едноставна овошна салата, направена само од еден вид на овошје, во случајов диња. Збогатена со прелив од мед и лимон, и додадени сецкани ореви. Едноставно превкусна е. Пробајте ја.
Подготовка:
1. Едниот дел од дињата ја исецкав на помали парчиња, а од другиот дел издлабив топчиња со лажица.
2. Парчињата диња ги прелив со претходно пoдготвениот прелив од мед, лимон и ореви. Промешуваме и послужуваме во корупката од дињата или во некоја длабока чинија.
Забелешка- претходно дињата треба да е добро изладена. Наместо ореви може да употребите други јаткасти плодови, одлична е и со фстаци.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани