Егног е традиционален Американски кремаст пијалок кој најчесто се консумира за Божиќните празници, но и за Денот на Благодарноста. Многу често го среќавав на телевизија по филмовите па одсекогаш сакав да го пробам. Најчесто во Америка се продава готов во тетрапак, но ако ги имаш сите состојки може да си го направиш и сам, а мене во тоа ми помогна еден пријател од Америка.

- Јајцата се делат посебно белките, посебно жолчките
- Белките се бијат со две лажици шеќер и со едно пакетче ванилин шеќер
- Посебно се бијат и жолчките истотака со две лажици шеќер и со едно пакетче ванилин шеќер се додека не се добие кремаста смеса
(мене со овие 4 лажици шеќер малку ми беше благо, па нареден пат би ставила 3)
Најдобро е овие две смеси да одстојат некој саaт во фрижидер ама и не мора јас одма продолжив со приготвувањето
- Овие две смеси убаво се мешаат и им се додава румот(јас ставив жолт), вискито (јас не ставив виски) и млекото
- На крај се додава и хоплата и убаво се меша.
- Се сервира во чаши и одозгора се наросува од оревчето и циметот (и тоа е по желба).

*Во врска со алкохолот, овој рецепт може да биде и безалкохолен, само му додавате малку повеќе млеко наместо алкохолот. Во врска со изборот на алкохол нема некое строго правило, ако сакаш да биде послаб не мора двете врсти алкохоли да ги ставаш. Може место виски и румот кој било друг пијалок да го ставиш, најчесто се редат бурбон, коњак, виски или рум.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови