Домашни Кнедли за супа
Домашно приготвената супа е најубава, бидејќи можеме да си ја направиме по наш вкус, со збогатување на супата со зеленчук по избор, пилешко месо...а подготовката на овие домашни кнедли од гриз е вистинска можност за тоа.
Подготовката е брза и на следниот начин -
1. Омекнатиот маргарин го разматуваме заедно со јајцето. Посолуваме и додаваме зачини по вкус. Мешаме убаво да се сврзат состојките.
2. Го додаваме и гризот, соединуваме убаво и оставаме 10-на минути да набабри гризот.
3. Со мало лажиче брцнато во жешката супа зимаме 1/3 од смесата за кнедли и го пуштаме во супата.
4. Варењето на кнедлите сепак зависи од нивната големина, јас ги варев 15 минути.
Совет - ако ви се чини дека е малку 1/3 од смесата за кнедли, ставете повеќе...меѓутоа имајте во предвид дека кнедлите ќе набабрат при варењето и дека скоро ја дуплираат големината.
Кнедлите ги додаваме во супата кога ќе биде сварен зеленчукот, а ако ставате и фиде - ставето го на крај, односно кога кнедлите ќе бидат скоро скрос сварени.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови