Паштети одамна не купувам, ама домашни обожавам.
Сум правела паштети од туна со павлака, со варени јајца, крем сир, мајонез, ама со оваа не можат да се споредат.
Налетав случајно на рецептов на една страна за хроно исхрана.
Не дека сум на хроно, ама кога видов таан во составот реков: Ааа, ова мора да се проба, бидејќи обожавам таан.
Одев по рецептот, ама си додадов и зрна од коријандер бидејќи ги сакам во намази и паштети.
Топло ви препорачувам да си ја пробате, особено нека им се најде за Благовец и Цветници на тие што постат.

Во кујнски сецко ги ставате сите состојки и блендирате до саканата густина.
Може туната да ја иситните со вилушка, а останатите состојки да ги изблендирате. па да имате парчиња туна во паштетата.
Исто сокот од лимон може да го додадете на крај според вкусот.

Послужете ја со крекери и свежа краставица, како во мојот случај или намачкајте на топло или препечено лебче.

А што би рекла Лудо може и само така со лажица дирек да сркате (пола така ја изедов хахаха).