Домашен сушен зачин
Кога во градината на родителите има многу растенија кои ги користиме за готвење, се раѓа и идеја да си направам домашен зачин. Количината на состојките е од око. Искрено, не можам да кажам колку искористив ама еве произволно ја ставив таа количина.
Подготовка:
1. Сите растенија ги собираме, убаво ги миеме и исцедени од водата ги ставаме да се сушат на маса во соба, каде има проток на воздух, односно има можност да стои на пример отворен прозорец.
2. Откако се исушени, сите заедно ги дробиме, односно ситниме, додека не добиеме убава смеса, а големината е по наша желба. Јас овој зачин го користам секогаш кога си готвам солени јадења.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови