Домашен овошен јогурт (од банана)
Поубав е од купечкиот...беше коментарот на моите деца кога првпат го вкусија овој домашен овошен јогурт. Понекогаш го правам и со пудинг од јагода, ама во тој случај додавам јагоди, малини, овошен микс и слично.
Подготовката е брза и за кратко време може да го вкусите.
1. Најпрво пудингот го раствораме во пола од вкупната количина на водата. Остатокот од водата и шеќерот ги ставаме во тенџере на рингла, нека се замлачи, па го додаваме растворениот пудинг (најубаво преку цедалка за да нема грутчиња). Се вари пудингот на средна температура со постојано мешање. Кога ќе биде готов, го тргаме настрана и го префрламе во друг сад. Го оставаме 2-3 минути малку да истине.
2. Сега го додаваме јогуртот пополека, во тенок слој и со постојано мешање со рачна маталка.
3. На крај ги додаваме претходно исечканите парчиња банана.
Совет - во оваа комбинација со пудинг од ванила одлично оди праска или ананас.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани