Диетални колачиња со две состојки
Брзи, лесни, без шеќер, вкусни и најважно пристојни со калории.
Пожелно е бананите да се што е можно позрели, потемнети. Испасирајте ги бананите, додадете го овесот и соединете ја смесата. Правете мали колаченца и редете ги хартија за печење.
Печете ги на 200 степени 15 ина минути, да заруменат малку.
Оваа доза е многу мала. Во зависност од тоа колку големи ќе бидат колачињата, дозата ќе зафати од прилика еден плех од рерна.
Јас овесните снегулки ги сомлев во блендер. Не беше по рецепт, но сметав дека така ќе биде подобро и не згрешив. Бананата не ја пасирав, туку веднаш ја додадов во садот со мелен овес и мешав со рака додека не се соедини (минута две)
Во смесата слободно можете да додадете суво овошје ситно исецкано, потпечени бадеми, лешници или сусам.
Јас додадов сува брусница и суво грозје. Брусницата бидејки е малку кисела многу убаво го освежи колачето. Место брусница може да се користат и вишни.
Следниот пат ќе ги извалкам во потпечен сусам, потпечени крупно сецкани бадеми или лешници и потоа ќе ги испечам.
Доколку ги сакате покрцкави, слободно сплескајте ги повеќе. Бидејки прв пат ги приготвував не знав дали ќе се разлеат или ќе се соберат при печењето. Всушност, си останаа исти :)
Една банана и 100гр овес ви се основа за нови експерименти :)
Додадете цимет, ѓумбир, аранчини...или доколку не сакате да бидат толку диетални, додадете малку кршено чоколадо или чоколадни капки.
Лиценца: Сите права се задржани