Десерт во чаша
Овој десерт во чаша нема да ви одземе многу време, а вкусот е фантастичен како и изгледот. Се надевам дека ќе ви се допадне, тоа ви го оставам вам да го подгответе и да кажете каков беше вкусот.
1. Најпрво сварете го пудингот. Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко и додајте го шеќерот. Во преостанатите 200 мл млеко ставте го пудингот и промешајте да се соединат. Откако млекото ќе биде пред вриење додајте го пудингот и мешајте постојано да не се направат грутчиња.
2. Уште додека е врел пудингот делете го на два еднакви дела. Едниот дел оставте го така, а во другиот додајте го чоколадото со лешник на парчиња и мешајте додека да се растопи чоколадото.
3. Земете 6 средни чаши.
4. Во секоја чаша ставете по 2 лажици мелен бисквит и растресете ја секоја чаша да се израмни бисквитот.
5. Над бисквитот ставте од пудингот со чоколадото и распоредете го подеднакво во сите чаши. Во секоја чаша доаѓа по скоро две лажици пудинг.
6. Над пудингот со чоколадо ставете со шприц од шлаг кремот кој претходно сте го изматиле со 150 мл млеко и 2 лажици шеќер.
7. Над шлаг кремот ставете од пудингот од ванила и распоредете го подеднакво во сите чаши.
8. Над пудингот со ванила ставте по две лажици чоко макс.
9. Над чоко макс со лажицта ставете шлаг крем.
10. Декорирајте по желба. Јас декорирав со тофифи,чоколадо исечкано со нож,чоко макс и бисквит. Добар Апетит
Забелешка-десертов го подготвував уште додека беше врел пудингот.За декорација можете да искоритете производи по желби.Редоследот на состојките може да биде и по ваша желба.
Лиценца: Сите права се задржани