Дауд Баша
Дауд Баша е либански рецепт именуван според турскиот генерал Дауд Баша кој владеел во Либан за време на отоманската империја. Во Египет, а секако и кај нас се среќава варијација на овој турски рецепт како ќофте во сос. Рецептот е сличен како Паша ќофте. Оригиналниот рецепт содржи цимет, но јас го изоставив.
Едноставно не ми се допаѓа комбинацијата на солено јадење со цимет.
Ситно исецкајте 1 главица кромид, 1 чешне лук и магдоносот. Ставете ги во меленото месо и додадете сол и бибер по вкус (и 1/2 лажиче цимет по желба). Убаво промешајте го месото и формирајте мали топчиња. Загрејте 100мл од маслото и на него испржете ги ќофтињата.
Преостанатите 2 главици кромид исечкајте ги на тенки полукругови и заедно со преостанатиот лук пропржете ги на околу 50мл масло, додека да омекне. Потоа додадете ги излупените домати кои може да ги изрендате или исецкате и доматното пире. Додадете 600мл ладна вода и промашајте, па оставете да се вари 15тина мин. На крај додадете ги испржените ќофтиња и по желба ставете и малку нане.
Обично ќофтињата се сервираат со сварен ориз во кој има пропржено фиде.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови