Една преубава здрава закуска, која што не верувам дека некој ќе ја одбие.
Погодна за предјадење, погодна за замезување, едноставно совршена.

Подготовка:

1. Потребно ни е багетче лепче и намази, а јас овој пат ги одбрав гвакамоле, хумус намаз и песто од пиперки и пармезан.
2. Ги исецкав багетчињата на залачиња дебели еден прст, па секое го попрскав со многу малку маслиново масло. Ги завртев на скара по една неполна минутка, колку да станат крцкави.
Ги премачкав со различен намаз. Едни со гвакамоле, други со хумус од наут, а третите со песто од пиперкии пармезан.
3. Врз секое багетче ставив различен полнеж. На некои маслинки каламата, на други пушен лосос, а на трети оставив босилек. Врз површината наросив јадро мелен црн бибер. Едноставно, здраво и вкусно.
Ако ви се допадна, пробајте.

Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови