Во тенџере на оган се става маслото за јадење и ситно исечканиот кромид, сечкан морков убаво да се испржат да омекнат. Потоа на коцки исечениот модар домат се става и тој да се пржи непрекинато мешајки. Откако ќе се испржи, црвените домати се рендаат на ренде на ситната страна и се додавааат во тенџерето. Откако сето тоа убаво ќе се испржи се додава добро измиениот грашок да се прпржи само една минутка и мешаниот замрзнат зеленчук. Се додава вода колку да биде прекриен грашокот и се остава да си се готви на тивок оган. Ситно се сечка лукот и се додава зедно со грашокот.Се ставаат и солта, мешаниот зачин ицрниот пипер. Се дотура по малку вода цело време за да може да си се динста, се додека грашокот не биде убаво сварен. Се сервира со младо кромитче или зелена салата. За во жешките летни денови лесен оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови