Грав (Мултикукер 18 во 1)
Подготовка
1. Гравот го потопуваме во ладна вода и го оставаме неколку часа (или одвечер) да кисне.
2. Во садот од кукерот, го префрламе гравот и налеваме нова ладна вода. Го уклучуваме кукерот на програмата - супа. Откако ќе зоврие водата ја фрламе и таа вода и додаваме нова топла вода. Ги додаваме и морковот, кромидот, компирот. Вода, отприлика, треба да има околу 2 прста над гравот.
3. Пак го уклучуваме кукерот на програмата - супа во времетраење од 1,5 час.
4. При крај на програмата, едно 15-на минути, ги вадиме компирот, морковот и кромидот и ги блендираме, ги враќаме во садот. Додаваме зачини по вкус, сол, нане, црвен пипер, масло. (Доколку сакате може да направите настрана класична запршка со загревање на маслото и додавање на брашно и црвен пипер, или само црвен пипер-бидејќи има доволна густина од блендираните зеленчуци - по желба). Понекогаш додавам и пиперка, но во овој момент немав.
*Забелешка -Доколку сакате не мора да додавате зеленчук (освен кромид) и да направите класична запршка. Во зависност од гравот, можеби времетраењето да биде и подолго, околу 2 часа. Комбинирајте со риба, ќофте, ребра, колбас или без ништо.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани