1
апр
2013
Витаминска бомба со мед
Количините на цвеклото, морковот и јаболкото се произволни, но од прилика би требало да бидат во ист размер. Значи ако е големо цвеклото, ставете 2 јаболки и 3-4 моркови.
1. Се лупат цвеклото, морковот и јаболкото.
2. Може да се изрендаат, но мене ми е многу полесно да ги исечкам со сецкото. Значи се ставаат во сецко (мулти практик) и се сечкаат ситно.
3. Се префрла смесата во чинија, се додава медот, маслото, оцетот и солта и добро се измешува.
Можеби ќе ве збунат јаболкото и медот во оваа салата, но ќе видите дека тие само го збогатуваат нејзиниот вкус. Салатата е многу освежителна и полна со витамини.
Лиценца: Сите права се задржани
Веќе напишав дека јас ја спремам во сецко. И рацете чисти (а богами и читави, јас рендам и по некој прст, нокт...), а и кујната. Малку е поситно исецкана отколку што би била на рендето, ама е мнооогу полесно.