18
апр
2012
Велигденска салата со брокула
Компирите ги лупиме и ги вариме. Брокулата ја ставаме во солена вода 10 мин. да се вари колку да се обари. Јајцата ги вариме. Кога ќе биде се сварено ги ставаме во сад компирите, цветчињата брокула и јајцата каде додаваме 2 лаж лимонски сок, зејтин и зачин. Сето тоа добро го мешаме и салатат ја служиме ладна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови