Брзи макарони со мешан зеленчук (посно)
Инспирирана од темата на натпреварот го смислив ова јадење, кое освен што е брзо и лесно, се спрема во едно тенџере, па ќе имате и помалку садови за миење =)
Ставете во тенџерето вода, сол, зејтин и оставете да зоврие водата. Кога ќе зоврие додајте ги макароните, и зеленчукот. Јас во случајов употребив мешавина од замрзнат зеленчук - грашак, морков и пченка, па ми беа потребни дури и помалку од 45 минути. Доколку користите свеж зеленчук, прилагодете го времето на варење на зеленчукот. Во зависност од состојките ,може и да не ги ставите сите заедно, па постепено да ги додавате.
Битно е да не ставате премногу вода, да биде приближно онолку колку што е потребно само за да се свари зеленчукот и макароните. При крајот на варењето кога водата ќе се почне да се намалува, ќе биде потребно малку повеќе да мешате, додајте го мешаниот сув зачин и други зачини по желба, сервирајте во чинија и ставете рендан посен кашкавал, но и не мора. И без него е вкусно. Уживајте!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови