Брзи крофнички(за 15 минути)
Брзи, вкусни крофнички, се прават буквално за 15-на минутки... Идеални за брз појадок на вашите дечиња со чаша млеко.
1. Во сад го ставаме сокот од портокал, ја додаваме и ванилата, замесуваме нелепливо и меко тесто со постепено додавање на брашното претходно измешано со пецивото.
2. Добиеното тесто го расукуваме во тенка кора на работната маса, со помош на модли вадиме форми.
3. Го загреваме зајтинот на средна температура (јас на 4-ка, од вкупно 6) и ги пржиме крофничките до нивно заруменување, прскаме со лажица од врелото масло врз нив да се надуваат, па ги превртуваме од другата страна да се допржат.
4. Ги вадиме врз салфета и топли ги валкаме во шеќер во прав (или ги наросуваме со шеќер во прав).
Забелешка -
- По желба додадете ја и кората од портокалот (рендана).
- Оваа доза е одприлика доволна за 2 лица, ги спремав за брз појадок на моите дечиња, доколку планирате да направите повеќе, дуплирајте ги состојките.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани