Се замесува брашното, пецивото и солта.
Се додава зејтинот и павлаката и се меша се заедно.
Млекото се смлачува,се додава квасецот и шеќерот и се истура во брашното.
Се размесува тестото убаво и се дели на 4 дела.
На набрашнета маса од секој дел се развлекува кора со дебелина од пола сантиметар се сече на 8 триаголници и се оформуваат кифлички.
Рерната се загрева на 180 степени.
Кифлите се ставаат во намрсен плех и се оставаат на топло покриени 10-15 мин.
Се мачкаат со разматена жолчка и одозгора се посипуваат со сусам.Се печат 15-20 мин.ЗАБЕЛЕШКА Кифличките може и да се филуваат по желба и наместо сусам да се стави ким.ДОБАР АПЕТИТ!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови