Ова е рецепт за мирисен, превкусен, сочен колач, со едноставна подготовка без миксер. Бидејќи се подготвува експресно брзо, додека го припремате, уклучете ја рерната да се загрева.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилата. Разматуваме со рачна маталка.
2. Потоа ги додаваме наведените состојки, една по една, во редослед како што се напишани, и после секое додавање промешуваме со рачната маталка. Добиената смеса ја истураме во округло тавче број 28 (намрсено со масло и набрашнето).
3. Печеме во загреана рерна на 190 степени (проверуваме со чачкалица). Нека олади колачот, па сечеме парчиња со големина по желба.

*Забелешка - Шолјата која ја користев е од 250 мл. Според првичниот рецепт, според кој, овој колач го правев, од сè се става по една шоља, меѓутоа јас по мој вкус намалив кај маслото, и ставив 200 мл наместо 250 мл, а вие како сакате. По желба колачот може дополнително да се премачка со мармалад, па да се посипе со мелени ореви, кокос и слично, или да се посипе со шеќер во прав, но според мене тоа не е потребно.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани