Брз овошен колач (без печење)
- Искршете ги бисквитите на поголеми парчиња
- Одвојте од млекото и во него растворете ги пудинзите додавајки го и шеќерот, пробкајте да се истиот стопи.
- Остатокот од млекото ставете на оган да зоврие. Тргнете од ринглата, додадете го растворениот пудинг и вратете на ринглата да се свари.
- Во врелиот сварен пудинг веднаш додадете го на поситни коцки исецкан путерот или маргаринот, со лажица бркајте за да се стопи и соедини со пудингот. Потоа додадете ја киселата павлака и пак промешувајте за да се и таа спои со пудингот во една добра хомогена смеса. Откако тоа сте го сработиле - ставете во него искршените бисквити - измешајте и поделете го на два дела. Едната половина ставете ја во подмачкана со путер модла од која ке зависи и висината на колачот, убаво измазнете и наредете на половина вертикално исечените банани, покријте со другата половина исто така убаво измазнете.
- Изматете ја слатката павлака - покријте ја површината на веќе формираниот колач.
ПРЕЛИВ
- Со 200 мл. ладна вода залијте го желатинот да набубри,
- Овошјето залијте со остатокот од 100 мл. вода и шеќер ќе додадете онолку колку што сакате да ви биде благо. Ставете на оган и нека вари 7-8 мин. Тргнете од огнот. Желатинот ставете над пареа да се стопи, додадете го кај овошјето, разбкајте и оставете да олади. Не да дозволите да желира туку да биде добро оладен и да може да се излие врз павлаката без да се таа топи. Колачот готов и само трпение малку да преливот добро желира.
НАПОМЕНА
Овој брзински и колач дозволува да правите разни варијации со него, да не додавате слатка павлака на површината, едноставно залијте со ганаш прелив, да го посипете со мелени ореви или што да не и само со мелени бисквити, овошјето не мора да биде банани - било кое ставете.. и т.н.- зависи од вас. Јас го приготвубам секако - зависи што имам на располагање.
Уживајте... брз и вкусен.
По големата горештина ама баш немав никаква воља да спремам торта која непрекинато ја имав на ум... рерна не ми се вклучуваше, а требаше да почестам за мојот по години позамашен роденден... еве вака одлучив.
Лиценца: Сите права се задржани