Брз и лесен превртен колач со палента и овошје
Од се што спремив за гостите, ова ВРВ било, така рекоа, а јас сирота се секирав дека ќе ми плеснат во фаца дека пак сум експериментирала =))
Ептен е лесно за подготовка, сочно и вкусно. Палентата дава интересена крцкава структура за која што најмногу се секирав дека ќе ми ги вадат ѕрцките, испадна тоа им било најубаво =))
Пенесто изматете го путерот. Ќе ви треба од прилика 10ина мин. Додадете го шеќерот. Пожелно е да е во прав, за да се растопи поубаво. Една по една додавајте ги жолчките, убаво мешајки да се соедини по секое додавање на жолчка.
Додадете ги и јајцата едно по едно и потоа додадете ги сите останати состојки.
Во тавчето во кое што ќе печете (моето е округло 23 или 24см, не им ги разбирам мерките, мерев со мѕидарско метро), наредете го овошјето онака како што ќе сакате да изгледа печено. Јас користев замрзнати јагоди кои на вкус беа супер, но на изглед не личеа така по печењето =))
Доколку користите Делимано, можете само да премачкате со путер, нема потреба од хартија за печење, но доколку не користите Делимано, пожелно е да ставите хартија, бидејки колачот треба да се преврти лесно.
Над овошјето посипете го кафеавиот шеќер. Јас користев обичен шеќер бидејки во моментот немав кафеав.
Изматената смеса со лажица ставајте ја во купчиња врз овошјето. Ставајте мали купчиња едно до друго, за да не мора да размачкувате, со размачкување ќе го изместите овошјето.
Печете во загреана рерна на 180 степени 50ина минути, зависи од рерната.
Лиценца: Сите права се задржани
се намерачив со јаболки да го правам деновиве ако доаѓаат гости. ако не доаѓа никој не спремам. ќе трпам за убавина :) :) :) :)