За престојните празници направете вкусни Бонжита колачиња, кои одлично ќе ви послужат во моментите кога ви треба екстра енергија.

Подготовка -
Најпрво на тивок оган во сад за готвење ги ставаме медот, шеќерот и маргаринот да се растопат. Потоа ги додаваме сите останати состојки и промешуваме до добивање на еднолична смеса. Смесата ја распределуваме во книжни корпици, оставаме кратко во фрижидер додека да се стегнат, па уживаме во нив.

Јас се одлучив за класична варијанта, меѓутоа комбинации има многу...со додавање на чоколадни мусли, експандиран ориз, путер наместо маргарин и уште многу други.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани