1. Сувото грозје, брусницата, сецканите урми и миксот од овошје ги ставаме во голема тегла. Ги потураме со коњакот, промешуваме и оставаме да стојат 24 часа, повремено промешувајќи. Следниот ден пред припремањето на тестото во теглата додаваме рендана кора од два портокали и еден лимон и сок од два цедени портокали.

2. Брашното го ставаме во длабок сад. Во средината правиме вдлабнатина во која го ставаме квасецот иситнет на парченца, додаваме шеќер и млакото млеко. Со прсти нежно ставаме врз млекото од околното брашно и оставаме 30 минути да се активира квасецот. Замесуваме тесто.

3. Во тестото ги додаваме јајцата, ванилиниот шеќер, путерот на парченца и солта. Месиме. Во тестото го додаваме сувото овошје со течноста и мелените бадеми и лешници. Месиме да се соединат состојките. Оставаме тестото да нарасне и одмори.

4. Тестото го делиме на 2 дела, за 2 Штолени. На набрашнета површина го расукуваме тестото во правоаголна кора, 40 гр од марципанот го расукуваме во ролна колку што ни е долга кората тесто. Марципанот го ставаме 3-4 цм од крајот на кората. Поголемиот дел од кората кој остана го преклопуваме врз марципанот и го формираме штоленот така што средишниот дел да биде повисок од краевите. Истата постапка ја повторуваме и со вториот дел од тестото. Штолените ги ставаме во тава обложен со хартија за печење, оставаме да нараснат.

5. Печеме во загреана рерна на 180 степени 40-45 минути, зависно од рерната доколку гледате дека брзо потемнува покријте со алуминиумска фолија и така печете.

6. Путерот го топиме, веднаш извадениот штолен го премачкуваме со путер, оставаме да се излади. Откако ќе се излади, преостанатиот путер го топиме, го премачкуваме штоленот и од сите страни го посипуваме со шеќер во прав. Секој штолен поединечно го завиткуваме во алуминиумска фолија, го ставаме во кеса која убаво ја заврзуваме истиснувајќи го воздухот и оставаме во ладна просторија да стои 2-3 недели.

Забелешка- јас најдов само чоколадиран марципан кој беше пакуван во едно парче од 40 гр. За секој штолен употребив по 1, пред употреба го пресеков надолжно на пола и малку го расукав во ролна и двата дела ги ставив во продолжение еден на друг за да ја опфати целата кора

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани