Блага погача со крем и чоколадо
Во просеаното брашно додајте квасец сол, шеќер, млеко, путер, ванила, павлака, јајце замесете тесто. Оставете го тестото да стаса.
Стасаното тесто поделете го на 2 дела. Тесто рассукајте го во пласт и намачкајте со чоколаден крем, ставете и чоколадо сечено на коцки. Тестото завиткајте го во ролат. Така направете со другиот дел од тестото. Ролатите пресечете ги на половина во должина. Ставете ги со чоколадото нагоре, направете плетенка, виткајте го во округла форма.
Погачата ставете ја во форма за печење, оставете 20 минути на топло место. Премачкајте со јајце.
Печете во загреана рерна на 180 степени 40 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани