Десерт кој брзо се подготвува, па, додека си спремате ручек ќе се стегне во фрижидер и ќе биде спремен за служење.

1. Во длабок сад се кршат бисквитите и се додаваат оревите, какаото и кокосот.
2. Во помал сад се растопува путерот, се додава шеќерот и ванилата.
3. Смесата се додава полека на бисквитите и се промешува.
4. Се додава изматеното јајце и повторно се промешува.
5. Смесата се става во сад и со раце наводенети со ладна вода се притиска убаво.
6. Во еден сад се промешува шеќерот во прав, какаото и водата и се истура врз колачот. Се остава во фрижидер (во зависност од фрижидерот му требаат 1-2 саати за убаво да се стегне).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови