Бело срце со колачиња
Најпрво ги правиме колачињата.Белото чоколадо го топиме со малку масло и ги премачкуваме калапите.Постапката ја правиме два пати и секој пат калапите ги ставаме во замрзнувач.Потоа калапите ги полниме со фил и уште еднаш ги мачкаме со бело чоколадо.
За кексот најпрво ги биеме јајцата заедно со шеќерот и постепено ги додаваме останатите состојки постојано биејќи со миксер. Готовата паниспања ја печиме во калап(обликот по ваш избор).Печиме на 180 степени околу 25 минути,и кога малку ќе се излади го потурваме со зовриеното млеко и шеќерот.
Кексот ладен го украсуваме со биената слатка павлака и белите колачиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови