Бамјарник
1.Бамјата се мие со ладна вода и и се сече рачката и врвот.
2. Кромидот се сецка, морковот излупен се сече на кругчиња. Се пржи кромидот на маслиновото масло, се додава морковот, па јагнешкото и се пропржува на тивко, повремено мешајки, додека не испари целата течност.
3.Брашното се разматува со супата и се залива месото.Се додаваат бамјите, исчистените и преполовени сливи (јас овој пат не ставив), буковецот, сокот од лимон, солта, биберот, се промешува и се почекува сосот да се згусне. Се наросува магдоносот, се истура во земјено тавче со капак и се пече 1,5 час на 180 ст С. Јас(овој пат) го правев во одноотпорно стаклено тавче со капак. П ред крај, десет минути се пече откриено, да се запече.
Бидејки многу сакам бамји, јас не 200, ставив 500-600 гр, па ако е бамјарник- нека е!
Навистина многу вкусно јадење, се разбира за оние што сакаат бамји. А место јагнешко може и јунешко. Сум пробала и супер е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови