Баклава со јаболки и ореви
1. Шербет. Сите состојки ги вариме 15 минути и оставаме да се излади шербетот.
2. Мелените и сечканите ореви, шеќерот и циметот ги мешаме.
3. Јаболката ги лупиме и ги рендаме, потоа го додаваме исцедениот сок од лимон.
4. Со растопениот путер ја попрскуваме тава бр.40 и ставаме една кора и ја свиткуваме во големина на тавата, и ја попрскуваме со путер. Истата постапка ја повторуваме уште со 4 кори. На петтата кора распоредуваме половина од ренданото јаболко. Врз него со лажица наросуваме половина од оревите со шеќер и цимет. Прекриваме уште со 5 кори попрскани со путер. Го нанесуваме преостанатото јаболко и преостанатите ореви. Редиме уште 4 кори прскани со путер. Последната кора ја свиткуваме во големина на тавата и со неа ја прекриваме баклавата.
5. Ја сечеме на коцки или ромбови и ја попрскуваме со преостанатиот путер и печеме на 180 степени околу 30 минути.
6. Со изладениот шербет ја преливаме топлата баклава и оставаме да се излади.
Лиценца: Сите права се задржани