Бабините скромни рецепти никогаш не го губат својот вкус. Тој вкус може да се носи долги години можеби заради љубовта со која ни ги принесуваа нивните едноставни но секогаш вкусни оброци.
Ова е еден брз рецепт, но едноставен и вкусен.
Кромидот се мие, чисти и сецка на тркалца заедно со се перцињата. Џимиринките исто се сецкаат на поситни парчиња и заедно со кромидчето се ставаат на малку зејтин да се пропржат. Кон пропржениот зарзават се додава и урдата и се пржи 10 минути со повремено мешање. Се посолува и на крај се додаваат изматените јајца, се допржува и се сервира по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани