1. Пиперките и црните домати се печат, лупат и се оставаат да се цедат цела ноќ.
2. Следниот ден се мелат во машина за мелење.
3. Во големо тенџере се става ½ л масло, а потоа пиперките. Се пржи. По половина час се додаваат црните домати.
4. Сето заедно се пржи во тек на пржењето постепено се додава масло (вкупно да се потрошат 2 литри масло) , 2 раце сол, 2 раце шеќер , еден мал филџан јаболков оцет и пред вадење 2 лажици сенф.
5. Пржењето трае окулу 3 часа.
6. Жешкиот ајвар се собира во жешки тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани