(1 чаша = 240 милилитра)
Ароматна е вистина... а и вкусна. Не е фокациа, ама тука некаде на вкус. Во моментот кога одлучив да ја месам немав копар и ставив рузмарин. Тенка беше границата да одлучам и со додавање на жалфија. По рецептот кој го имам е копар, кој исто така е доста ароматен и често го користам... нема да згрешите што и да ставите.
 
- Во садот во кој ќе месите исипете ги редоследно сите состојки и замесете меко тесто. Поради различноста на брашното би рекла да не го истурате одеднаш брашното. Некогаш го замесам тестото точно како што сум напишала мерката, а некогаш помалку... затоа велам не ставајте го одеднаш брашното. Треба да добиете меко тесто. Покријте и оставете да стаса да го удвои обемот.
- Стасаното тесто поделете го на 6 дела, секој дел расукајте го во дебелина од 1 см. Секоја кора премачкајте ја со зејтин ( тој не ви напишан во потребните намирници), поставете една врз друга - замотајте во ролат,а потоа замотајте во форма на полжав. Вака добиената форма расукајте ја во дебелина од околу 2-3 см.
Вака добиената питка ја поставуваме во намрснето и со хартија покриено тавче, лесно ја премачкуваме пак со зејтин и оставаме повторно да стаса. Откако стасало го ставаме да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин.
- Испечената питка сосема малку ја навлажнуваме со вода ( јас со четката која ја брцнувам во вода само поминам по неа) ја покривам за 1-2 мин. потоа ја премачкувам со веќе спремената глазура од измешаните две врсти зејтин, сол и низ преса стиснатиот лук, сецканиот лук во кој го додавам и рузмаринот (копарот).

Напомена
Јас денес одлучив да направам две помали питки. Едната ја печев (од рљубопитност) со веќе ставен рузмарин врз неа и малку едра сол, а по печењето исто така ја премачкав со лучената глазура, а едната како што опишав погоре.
Да си кажам дека има разлика - таа што ја печев по рецептот ми беше повкусна, а на маж ми пак онаа што ја печев со рузмаринот. Вие како сакате... нели за вкусови не разговараме.... исто така многу вкусни и со копарот, а за со жалфија да пробам кој вкус ке го има оваа питка - допрва ќе видиме.
- Навистина внимавајте со брашното, еднаш ми се случи да тие 4 чаши брашно ми се премногу- го истурив целото брашно, за да потоа си додавам произволно течни состојки за да замесам меко тесто.
Па драги мои, нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани