Многу освежително.
Предлог за претстојните жештини.
Може да се подготви наутро, да се затвори бокалот со фолија и да се консумира попладне.
Во бокал ги ставаме излупениот, на парчиња сецкан портокал, измиените ливчиња маточина и нане.
Налеваме вода, благо ги притискаме со дрвена лажица, ако сакаме.
Го покриваме бокалот и го оставме во фрижидер.
Потоа додаваме коцки мраз и мед по желба и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани