Се секавате на рецептот што го имам овде ставено, а се однесува за пржена баклава - Куркубињата - е ова е нешто слично.
Подготовка
- За да ги подготвите покрај останатите состојки погре напишани, потребно е и една игла за плетење (големите) или некое помагало кое ќе ви послужи за намената ( од дрвените закачалки долниот дел,тенко сукало)
- Меленото месо зачинете по ваш вкус исто како за плескавици, ќофте или ќебапи.
- Земете една кора, не до самиот крај на кората туку малку на внатре, оставете едно 3 см. од крајот, по малку ставете од кратката страна на кората од меленото месо. Преклопете го со слободниот дел од кората, малку замотајте, тогаш ставете ја иглата веднаш при оваа постапка и продолжете да мотате. На крајот со четка премачкајте го крајот на кората со малку вода или зејтин. Сечете на ситни парчиња се така додека потрошите корите.
- Пржете ги во загреан длабок зејтин.
Служете со кисела павлака.
Напомена
Јас ги правев со кори за пита. Излегува многу-многу, вусни се, крцкави. Значи не знаејки да ви напишам точен одмер, вие земете малку мелено месо, ставајте на кората и колку кори потрошите - толку. Вкусна занимација се. Доколку ви остане од корите или напавете си ја Куркубињата или пак така празни замотајте и пржете - исто така е занимлива грицка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани