Американски тиквени палачинки
- Испечете или на пареа сварете ја тиквата, одмерете од неа 250 гр. со блендерот направете пире. - Во садот во кој ќе ја приготвувате смесата ставете го млекото, шеќерот, солта, ванилата и јајцата - лесно изматете. - Во смесата додадете го брашното измешано со пецивото и зачинките, додадете го и пирето од тиквата - измешајте. - Печете ги на загреана тава намрснета со масло истурајки од семсата онолку колку што сакате да се големи, значи можете да ги правите мали и доколку тавата е поголема да ставате по 2-3 одеднаш да се прават. Печете ги од околу половина минутка од едната страна, превртете и уште толку од другата страна. НАПОМЕНА - Тавата убаво загрејте ја, тргнете од огнот и намалете ја сега температурата на многу пониска температура, премачкајте со масло - ставете од смесата, вратете на веќе намалениот оган. Ако ги печете на поголема температура истите лесно ќе поцрнат што не е убаво за око - на вкус не се лоши и тие ако случајно ви прегори некоја. Послужете ги со тоа што сакате вие... јас најчесто палачинка била каква да е ја сакам со мед и орев.. а пак овие тиквените - ми се чини дека е ова најдобра комбинација, но, како што реков, како сакате да ги јадете така и послужете ги. Убави се топли, но ништо не им е и ако ви останат за нареден ден - меки, вкусни.. одлични.