Американски палачинки со мед
Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки.
Во друг сад ставете ги јајцата, путер, млекото и медот. Измешајте убаво со жица за матење.
Во садот со сувите состојки додајте ја смесата со јајцата и млекото, и измешајте за да се соединат состојките. Смесата оставете ја да отстои за време од 15 до 20 минути.
Тавата за палачинки намрсете ја со малку масло и добро загрејте ја. Со помош на лажица земете од смесата и формирајте палачинка.
Печете околу минута и пол или додека забележите меурчиња по површината на палачинката. Потоа, превртете ја палачинката на другата страна и продолжете со печењето уште 1 минута.
Топлите американски палачинки сервирајте ги свежо овошје, мед и јаткасти плодови по желба.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани