19
јун
2020
Авокадо смути со кокос млеко
Авокадото го лупиме и ја вадиме семката.
Внатрешноста ја сецкаме и ја ставаме во чашичката.
Во нутрибулетот ги мелиме бананата,шеќерот во прав, авокадото и малку млеко.
Го додаваме и кокос млекото. Промешуваме убаво.
Сервираме со парче банана и
зрнца боровинки.
Нека ви е слатко со овој здрав појадок.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови