Подолго време работев во албанско училиште, па рецептов го добив од мајката на еден мој ученик...

Подготовка на млечниот прелив
Сите три млека, на собна температура отстојани, се соединуваат во еден подлабок сад и со овој прелив се полева бисквитот

Подготовка на бисквитот
1. Белките и половина од шеќерот се матат пенасто со миксер.
2. Жолчките, ванилата и останатата половина од шеќерот се матат со миксер.
3. Двете смеси се соединуваат со дрвена лажица за да не се изгуби сунѓерноста на смесата.
4. Сувите состојки (брашното и печивото) се соединуваат и се додаваат во смесата од јајца, мешајќи со дрвена лажица.
5. Во плех со димензии 30х40 обложен со хартија за печење се истура смесата и се става во загреана рерна на 200 степени. На таа температура се пече 10 минути, па се намалува рерната на 180 степени и на таа температура се пече уште 20 минути
5. Веднаш по печењето се отстранува хартијата од бисквитот и се остава бисквитот малку да се излади (да не биде врел)
6. Се трга од плехот бисквитот, се истура во истиот плех половина од млечната смеса, се враќа назад бисквитот и врз него се полева и останатиот дел од мелчната смеса.
7. Трилечето се сече на коцки (јас сечам 6х5=30коцки)
8. Веднаш се премачкува со карамелот и се повторува со ножот по веќе сечените линии
9. Се служи откако добро ќе се излади после 3-4 часа во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани