Фичо ќе подготви селски појадок од маринирани пилешки раженчиња во облик на змијулки и кајгана со свеж зеленчук. Погледнете го видеото како тоа изгледа кога е подготвено на село!

Подготовка

Чекор 1: Месото исечете го на тенки ленти и наредете го на стапчиња за раженчиња. Зачинете го со соја сосот, солта, мускатното оревче, бибер и шеќер и оставете ги на страна 30-45 минути да се маринираат.

Чекор 2: Пиперката и морковот исецкајте ги тенко за да се зготват во исто време. Потпржете ги. Додадете ги и јајцата и пржете заедно.

Чекор 3: Во Грил тавата на оган ставете малку масло и путер. Кога ќе се загрее, додадете ги раженчињата и пржете ги од двете страни. Во тавата додадете го и рузмаринот и неколку чешниња лук.

Чекор 4: Сервирајте врз парче домашен селски леб.

СОВЕТ: Наместо рузмарин може да користите некоја друга зачинска билка (на пр. мајчина душичка)