Мајстор за ваков тип на леб е госпоѓа Зорица-Поморавка.
Ова е нејзин рецепт, од кој сум презадоволна.
Состојки има за да се направат 2 векни, во два калапи за леб.
Од половина количина на состојки, се пече во еден правоаголен калап за леб, кој е доволно за појадок или вечера за 4 лица.

Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличката ги додаваме солтта, маслото, јогуртот, двете јајаца,
Состојките ги промешуваме со вилушка.
Постепено додаваме брашно и замесуваме тесто понамеко, но да не се лепи на рацете.
Го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме да се дуплира.
Втасаното тесто го делиме на два дела.
Деловите ги сучиме во правоаголни кори.
Секоја кора ја премачкуваме со растопен путер со помош на кујнска четка.
Во еден сад ги соединуваме сирењето, крем сироењето, спанаќот, малку сол и бибер.
Овој фил го распоредуваме врз корите.
Секоја кора ја сечиме на коцки.
Ставаме едно врз друго по 4-5 парчиња и ги ставме вертикално во долгнавест калап за леб.
До нив ставаме пак 4-5 парчиња,.... додека не се наполни калапот.
Постапката е иста и со другата кора.
Ги премачкуваме одозгора со изматено јајце и наросуваме сусам.
Ги покриваме калапите со чиста кујнска крпа и оставаме на топло да нараснат.
Печиме во загреана релна околу 30 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани